БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Сончева колона” од Блаже Конески

Пренеси го гласот


-Б А Л А Д А-
Заседа волча во матна зора
крај горски пат…
И краток пукот и одек громок,
а после – мир и барутен чад…
…Седумте борци паднати в зора
ги носат
в Прилеп
на плоштад.
Одеднаш веста –
црна птица
писна над градот со жален крик.
Здивен и злорад
низ улиците
крвник мине.
Штик по штик
го гризе камен за петиците,
го стрела смртно од сите лица
градот
бунтовник.
И дочул тажна вест за сина
нема да престапи таткото праг,
ни брат со мрачен лик ке мине
за да види мртвиот брат.
Не!
Стаил болка што срце кине,
одмазда спрема тој в машка град!
Но клета мајка како да трае?
Ја клукна змија,
болка ја сви…
Шамија црна врзува таа
и трча таму со издив стаен
за задно збогум со својот син…
Денот е мрачен. Навира дождец.
Попуст и потих е плоштадот.
Седмина лежат во крвав ред.
Стражари стражар иѕемнат над нив,
циничко свети бајонот,
ете таа дотрча таму,
запре над нив,
ја зави мрак …
Но ако в очи магла и падна,
со срце мајка го позна страдна,
го виде мртов сина си млад.
Ги изви таа во у жас прстите
прекри лик.
Се cтрece сета ко слаба трска
напна гради…
Но од градите
не се чу силен,
раздирлив вик.
И само солза низ образ ливна
над мртов строј…
И в миг
ко веда
ја светна силно
безумна мисла,
но мисла дивна:
Да !
Не е тој!
И тогаш мајка раствори очи,
поглед што мине над труп и кал,
и како жерав без пат и почин
што тоне в небо со тивка жал.
Се топи в срце тешкиот камен,
гледа мајка нов,чуден крај,
и жив го гледа сина си таму
како во сонот што си го тај.
Го виде таа во зора рана
по горски срт,
од сите прв, –
колона кај што од партизани
достига вишен планински врв…
Се лула под нив просторот син.
Во утрен пурпур небото тоне.
И светнал таму нејниот син
пред румен изгрев
во орлов лет…
Се гласи песна –
горите ѕвонат,
изгрева сонце,
стапува в ред…
Сонцето оди пред таа колона!

Блаже КОНЕСКИ

Баладата е дел од изданието Македонска лирика издадено од страна на Уредот за информации при Владата на Народна Република Македонија во 1950 година

Креирано од:


Пренеси го гласот