БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Сиромаштијата во државата толчи се пред себе. Некогаш бил професор сега е бездомник. Кој може нека помогне

Пренеси го гласот

На социјалните мрежи се споделени неколку фотографии од неименуван човек со запуштен изглед и неколку предмети со него како моли за милостина на клупа во скопската општина Ѓорче Петров.

Според текстот на објавата станува збор за заслужен граѓанин, некогаш професор кој што е мирен и тивок и кому животната судбина го однела во непосакуван правец. Имено неприликите го превтасале во моментите по смртта на неговата мајка во чиј што стан живеел, но кој што бил одземен од страна на извршители и човеков бил исфрлен на улица.

Во објавата стои и повик за да се помогне на човекот за да излезе од неговата тешка судбина:

“Јавен апел до сите граѓани и хумани лица и нституции.
Ова човече е прекрасна личност која животната судбина му отишла на друга страна…
Мирен и тивок..
Заслужен граѓанин….Професор…
Го помагаме секој ден колку можеме…
Доѓа зима нема покрив,здравствената состојба му е влошена…
Ајде добри луѓе дајте да помогнеме да се згрижи човекот…
Судбината е тешка работа..
Ајде наши ЃОРЧЕ ПЕТРОВЦИ
Тоа што го имаше му го земаа извршители станот беше на неговата покојна мајка.
Го исфрлија на улица.

Креирано од:


Пренеси го гласот