БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Човечноста против злото”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

ЧОВЕЧНОСТА ПРОТИВ ЗЛОТО

е името на една од најзначајните скулптури во историјата на уметноста која што инспирира со својот артистички израз.

Автор на ова историско уметничко дело е Гаетано Челини (1873-1937) а скулптурата се наоѓа во националната галерија за модерна уметност во Рим.
За првпат скулптурата била изложена во 1906 година во Милано во гипс а во 1908 година била извајана во мермер при што добила престижна награда од тоа време.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На пиедесталот, покрај потписот на авторот стои испишано:
Così ti sterperò coi denti e l’ugne, Dolore eterno che nel cor mi pugne , што во слободен превод би значело…
-Така ќе те истребам со заби и канџи, со Вечна болка што ми го боде срцето.
Скулптурата претставува метафизичка изјава на авторот за борбата на доброто и лошото, човечноста против злото како две спротивставени сили неопходни за создателството на светот и сето она што постои во него.

На скулптурата доминантно место имаат горните екстремитети на човечко битие со чија експресија се манифестира напор и нечуен крик. Лицето на главата не се гледа што сксплицитно внесува универзална содржина на дејствието кое го предизвикува креацијата на авторот.

Креирано од:


Пренеси го гласот