Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, директорката на Домот „Д-р Иван Влашки“ во Берово, Живка Бојчовска Каламадевска и директорот на Центар за развој на Источен плански регион, Зујица Ангелова, го посети Домот во кој во завршна фаза е адаптација на дел од објектот и подобрувањето на условите за престој во него, во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој фаза 2“, преку Програмата „Инвестициски проект со дигитална компонента од Грантовата Шема“.
Втората фаза од проектот предвидува и внатрешно уредување на Домот, опремување со мебел и друга потребна опрема, како и хортикултурно разубавување на надворешниот дел.
„Задоволен сум што со завршување на оваа фаза од проектот, успешно ќе се адаптира четвртата ламела, по која ќе се овозможи сместување на нови 28 корисници, а Домот за стари лица ќе добие капацитет за вкупно 67 корисници. Со новата опрема, сите лица ќе добијат соодветни и подобри услови за престој, со пропишани стандарди за згрижување и третман. Со инвестирањето во вакви проекти, инвестираме во подобрувањето на квалитетот на животот и психофизичката состојба на генерациите кои инвестирале во нас и на кои сме им должници,“ истакна министерот Перински.
Бојчовска Каламадевска го информираше министерот дека по завршувањето на градежните работи, останува да се набават и 14 таблети, кујнски апарати и перална, наменети за старите лица во домот и со тоа ќе се комплетира оваа фаза од проектот. „Со комплетирањето на оваа фаза од проектот, дефинитивно се придонесува кон зголемување на капацитетите за престој, а со истото секако се намалува долгата листа на пријавени корисници,“ истакна директорката.
Вредноста на целиот проект изнесува 22.889.852 денари, Министерството партиципира со 11.015.000 денари, 8.949.000 денари се финансиска поддршка од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка, а преостанатите 2.925.852 денари ги обезбеди Општина Берово од сопствениот буџет.
Министерот Перински попладнево ќе биде гостин на свечената седница на Советот на Општина Берово, која ќе се одржи во рамки на „Денови на Општината“ по повод 80 години од ослободувањето на Берово, а ќе положи и цвеќе пред споменикот на паднатите борци.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Премиерот Мицкоски на почеток за изградба на нoва фабрика која планира 600 нови вработувања во Кичево
Тошковски: Жените имаат моќна улога во создавањето на позитивни промени, над 45% од менаџерските функции во МВР се жени
Николоски: На ДУИ им одговара прашањето со Уставниот суд да трае четири години, бидејки им пропадна зелената агенда