Министерството за локална самоуправа за чие што работење се однесува предметниот закон, започна со процесот за широки консултации со сите заинтересирани и надлежни страни во рамки на постапката за донесување на измените и дополнувањаѕа на Законот за локална самоуправа.
За таа цел се организира прв консултативен состанок кој ќе се одржи во понеделник 23.12.2024 година со почеток во 10.00 часот во Офицерскиот дом во Битола (Свечена концертна сала – Горна сала).
Според најавите од министерството за локална самоуправа настанот ќе го отвори министерот за локална самоуправа, Златко Перински, а меѓу учесниците ќе бидат дел од експертскиот тим кој е вклучен во процесот, проф. д-р Александар Спасеновски, проф. д-р Гордан Георгиев и проф. д-р Мемет Мемети.
Најавено е присуство и на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, како и на градоначалниците од Југозападен и Полошки регион.
Пред официјалниот почеток на настанот, предвидени се изјави за медиумите.
Настанот е организиран од страна на Министерството за локална самоуправа, а поддржан од проектот „Зајакнување на општинските совети“ финансиран од Владата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа, кофинансиран и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, во соработка со други национални институции и ЕЛС.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене