БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

КЈП “Водовод” Кочани со поддршка на централните власти стави ред во менаџирањето на градската депонија, резултатите видливи за сите граѓани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во рамки на своите редовни работни активности вработените во КЈП “Водовод” Кочани покажаа силна посветеност во менаџирањето на состојбите на градската депонија со серија на видливи резултати во насока за подобрување на состојбата.

Така секојдневно на депонијата се изведуваат предвидените работи кои подразбираат планирање на просторните капацитети на локацијата, внимателна селекција и контрола на отпадот кој се депонира, порамнување и затрупување со градежна механизација и постојан надзор на целиот процес.

За ваквите активности од КЈП “Водовод” Кочани постојано ги информираат граѓаните за постигнатите резултати во подобрувањето на состојбата со депонијата:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Известување за состојбата на Градската депонија и преземени работни активности

👉 И покрај лошите временски услови изминатата седмица, од страна на приватни компании кои вршат градежни активности на територија на Општина Кочани се вршеше редовен дотур на земја до Градската депонија и нејзино правилно распоредување по површината на депонијата за понатамошна употреба за затрупување на ново пристигнаттиот отпад.

👉 Економскиот оператор кој е избран на јавна набавка за оддржување на Градската депонија со тешка механизација, секојдневно е присутен на терен и активно работи на туркање на ново пристигнатиот отпад и негово затрупување со земја.

👉 Освен економскиот оператор кој е избран на јавна набавка за оддржување на Градската депонија со тешка механизација, секојдневно на терен е присутна и дел од механизацијата со која располага КЈП “Водовод” Кочани и активно се работи на обезбедување на пристап за олеснето депонирање на отпад во Градската депонија.

👉 Поставената стражарска служба од страна на КЈП “Водовод” Кочани и Општина Кочани врши засилена контрола и евиденција на возилата кои депонираат отпад на Градската депонија, а исто така во координација со МВР ОВР Кочани презема активности против лица кои изминатата седмица зачестено неовластено влегуваа во Градската депонија.

👉 Одговорното лице определено од КЈП “Водовод” Кочани за управување и менаџирање со ново пристигнатиот отпад на Градската депонија секојдневно врши контрола, селектирање и распоредување за подоцнежно правилно и олеснето третирање на новиот отпад.

👉 Овластени лица од КЈП “Водовод” Кочани преку поставениот видео мониторинг вршат редовна контрола за состојбата на Градската депонија како и за начинот на депонирање на отпад.

📌 КЈП “Водовод” Кочани ги известува граѓаните на Општина Кочани дека приватните превозници на отпад и граѓаните може да го депонираат отпадот на Градската депонија секој ден од 08 часот до 16 часот при што задолжително треба да се придржуваат до распоредот и начинот на кипање кој ќе го определи стражарската служба на Градската депонија!

📌 КЈП “Водовод” Кочани ги известува граѓаните на Општина Кочани дека најстрого е забрането депонирање на отпад од гума и метал на Градската депонија!”

-стои во денешното известување до јавноста упатено од страна на КЈП “Водовод” Кочани.

Креирано од:


Пренеси го гласот