На 20 декември се навршија 100 години од раѓањето на големиот Македонски поет Ацо Шопов.
Младоста големиот поет ја поминал во родниот Штип каде што завршува основно и средно образование. Високото образование го продолжува на филозофскиот факултет во Скопје. Ацо Шопов со своето литературно дело претставува еден од најзначајните поети од првата генерација писатели по Втората Светска Војна.
Неговото литературно дело може да се подели на три клучни периоди на творење. Како активен учесник во Народноослобителната војна по војната Ацо Шопов голем простор на своето поетско дел посветил на татковината на патриотизмот, на родољубниот збор. Во наредната фаза Ацо Шопов се посветил на човечката природа, на суштината на постоењето и универзалните човечки карактеристики, чувства и емоции за на крај од својот литературен век Ацо Шопов да се посвети на сопствената интроспекција, на својот личен живот и битие изнесувајки лични пораки кои како аманет останале за иднината.
На 20 декември се навршија 100 години од раѓањето на големиот Македонски поет, што како значаен јубилеј многу малку остана забележано од модерните информативни сретства но и официјалните институции на државата.
100 години од раѓањето на поетот револуционер, aкадемик Ацо Шопов (20. 12. 1923, Штип – 20. 04. 1982, Скопје).. Вечна ти слава ![]()


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Фолклорната магија на Ансамбл “Македонија” предизвика стоечки овации на публиката во Делчево
Делчевчани знаат кои се и што сакаат: “Македонијо во срце те носиме” силно одекна покрај Брегалница под вечниот Голак!
Си замина македонскиот мајстор на карикатурата: Јордан Поп Илиев (1940-2025)