Традиционалното дефиле низ Широк Сокак во Битола, под наслов „Со песни и игри низ битолските улици“, донесе преубава енергија и колоритност низ Широк Сокак, најавувајќи го притоа официјалното отворање на 48 издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.
Уличните перформанси низ концертите, настапите на играорците, вокалните и инструменталните манифестации, семинари, проекции на етно-филмови, изложби, детска ликовна работилница, како и завршниот концерт на Виолета Томовска, во придружба на групата “Фонтана“, ја воодушеви битолската публика.
Фестивалот беше отворен со традиционалното оро „Комитско“, а за време на фестивалските денови настапуваат фолклорни ансамбли од Македонија, Србија, Хрватска, Полска, Шпанија и Јапонија.





СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Учество на припадници на АРМ на меѓународна вежба во Турција “EFES 2026”
Славјанка Петровска: Среќен роденден, моја СДСМ
Македонија со значителен напредок во Реформската агенда презентиран пред амбасадорите на ЕУ