На почетокот на месецот започнаа земјените работи за изградба на нова детска градинка во Дeлчево. Новата детска градинка ќе никне во населбата Стар Расадник на локација која што во минатото на граѓаните кога ги граделе своите домови им било ветувано дека на оваа локација ќе биде изграден паркинг простор кој што недостига со оглед на малите квадратури на плацовите кои им биле продавани.
Градоначалникот на општина Делчево се пофали во јавноста со овој проект на Министерството за Труд и социјална политика на неколку месеци пред избори иако истиот тој го ветуваше за делчевчани уште пред 6 години во рамки на кампањата кога го освои неговиот прв мандат.
“Согласно со процедурата, одговорни лица од МТСП, од Општина Делчево, надзорниот орган и изведувачот „Атриум“ ДООЕЛ Вевчани направија увид на локацијата предвидена за изградба.”
-соопшти градоначалникот Трајковски неодамна при почетокот на градежните работи на овој значаен инфраструктурен проект.
За изведувач на новата детска градинка во Делчево беше избрана фирмата на братот на поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски од Вевчани кој остана запаметен во јавноста за актот на отварање на вратите на собранието во 2017 година, по што беа осудени повеќе луѓе на вкупна затворска казна од над 200 години а самиот Крсто Мукоски кој го овозможи ваквото дејство помина несанкционирано од страна на властите. Фирмата Атриум во сопственост на семејството Мукоски од Вевчани во јавноста е позната како добитник на голем број тендери како во времето на Груевски така и во времето на владите на СДСМ.
За изборот на оваа локација за изградба на нова детска градинка има повеќе проблематични аспекти како од функционален така и од технички карактер.
-Парцелата на која што ќе никне новата детска градинка граничи директно со регионалниот пат Делчево-Туристички Локалитет Голак кој што поминува покрај градските гробишта.
-Сообраќајното решение во однос на пристапувањето со возила на родителите кои што во иднина ќе ги носат своите дечиња во идната градинка, ќе мора да го прават од страната на населбата Стар Расадник каде што потенцијално ќе се создава сообраќаен метеж и нервоза кај овие граѓани и жителите на населбата кои што живеат во близина на оваа градежна парцела,
-Проблемот за непостоење на паркинг простор за жителите во овој дел од населбата кои што во минатото од општината купувале плацови кои што се густо збиени без соодветна квадратура за паркинг за своите возила ќе бидат дискриминирани со оглед на тоа што со изградбата на оваа парцела наменета за детска градинка им се одзема една од ретките површини кои што може да им служат за паркинг,
-проблематичен аспект на локацијата која што општинската власт ја одбрале за изградба на детска градинка е што самата градежна парцела е уредена без соодветна намена во рамките на Генералниот урбанистички план на Делчево во сомнителна постапка за одобрение на градење за градинката за што треба надлежните да се произнесат во јавноста.
Додека јавноста очекува одговори за решавање на споменатите прашања и дилеми, градбата на градинката продолжува а граѓаните очекуваат побрзо отварање на вратите на новиот објект со што ќе се анулира бројот на дечиња на листата на чекање за посета на предучилишно образование.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември
Драма по планините во штипско: Полицијата ловела дрвократци по сценарио како за на филм