БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Васка Илиева со своето постоење ја задолжи Македонија и Македонците. 100 години од нејзиното раѓање

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денешен ден пред 100 години е родена легендарната пејачка Васка Илиева, доајен на македонска народна песна.

Родена е во општина Чаир, Скопје, на 21 декември 1923. година во семејството на музичари. Нејзиниот татко, Тодор Велков Бошков, беше гајдаџија. Васка Илиева започна со својата музичка кариера во далечната 1950 година во ансамблот Танец.

Познати песни во нејзината интерпретација се ′′ Македонски Земјо “, ′′ Имала Мајка “, ′′ Излегол Невен Пејо “, ′′Аир да не сториш мајко”, ′′Сестра кани брат на вечера ′′ и многу други. Позната е и по своите неповтовторливи дуети со со колегата Александар Сариевски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За време на долгата музичка кариера, во Република Македонија и насекаде по светот каде што живеат Македонци ја нарекуваа „Жива легенда“ на македонската народна песна, „Кралица на македонската народна песна“, како и „Амбасадор на македонската народна музика“

Васка Илиева почина на 4 мај 2001. година во Скопје на 77 годишна возраст. По повод десетгодишнината од нејзината смрт, се одржува кокнцерт во нејзина чест со учество на реномирани музички имиња.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace