Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во своето интервју во емисијата “ЗА ИЛИ ПРОТИВ” зборуваше за повеќе болни политички теми кои беа во режија на актуелната власт на СДСМ и ДУИ во изминатата 2023 година.
Во начинот на практикување на власта од страна на СДСМ и ДУИ и нивните сателит партии кои обезбедуваат парламентарна поддршка во парламентот на актуелната влада предводена од Димитар Ковачевски и Артан Груби, 2023 година ќе остане запаметена по многу афери, скандали, коруптивно однесување на функционери на актуелната власт, но на што навистина претставува главен проблем за Македонските граѓани е систематскиот распад на правната држава и нарушување на основните витални функции на Република Македонија. Преку злоупотреба на власта актуелните владини функционери и нивните поддржувачи во собранието парламентот го ставија во функција на афирмација на клиентелизмот на неколкумина луѓе во СДСМ и ДУИ наспроти националните интереси на Македонските граѓани.
Ваквиот систематски дефект на владеењето на актуелните централни власти според кажаното во ова интервју е идентификуван и ќе биде сериозно санкциониран од страна на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, но и редефиниран за никогаш повеќе да не се повтори во иднина.
За сите прашања кои ја дефинираа изминатата 2023 годиниа целото интервју на Александар Николоски може да го проследите во продолжение


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија