Вечерва (05.10.2018 год) во НУБ „Св. Климент Охридски” – Скопје е отворена изложба на едиција на стрипови именувани со насловот “Црно-Бели животи” кои се со тематика инспирирана од искуствата на бегалци.
Овие стрипови се изработени како дел од проект на УНХЦР насловен како „Бегалец сега-Човек секогаш”, имплементиран од Центарот за човекови права и разрешување конфликти (ЦХРЦР) и Здружението за истражување, образование и развој (Центар РЕД).
Самите стрипови се создадени од страна на студенти на Факултетот за ликовни уметности и од Катедрата за општа и компаративна книжевност, Филолошки факултет „Блаже Конески” – Скопје.
Целта на стриповите е да ја подигнат свеста за страдањата и правата на бегалците, пред сѐ кај младата публика од 15 до 30 години.
Во истиот простор, НУБ „Св. Климент Охридски” – Скопје утре, на 6 октомври, од 12-14 часот ќе се одржи работилница за стрип, наменета за деца и млади кои сакаат да се запознаат со основните чекори за креирање стрипови.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!