БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николовски на средба со сточарите: Можеме заедно, уште повеќе да направиме за развој и модернизација на македонското земјоделство

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“Како министерство сите овие години сме во директна комуникација со секој земјоделец, со секој сточар. Мерките и политиките за поддршка ги креираме заедно со земјоделците, а така креираните мерки докажано даваат резултати.

Денеска на средбата со сточарите ги споделив новостите кои се предвидени за нив оваа 2024, но и ги потсетив што се’ имаме направено за земјоделците.

✅За прв пат секој земјоделец, во една тековна година добива дел од субвенциите за истата година.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

✅ За прв пат секој сточар, земјоделец, добива авансна исплата на 30% од субвенциите за 2023г.

✅Исплатата на дополнителните 70% се врзува со предавање на производството во регистрирани преработувачки капацитети, млекарница или кланица.

✅Во 2023г. ја реализиравме до сега најголемата исплата на премиите за произведено и предадено млеко, 277,9 милиони денари беа исплатени до 4.311 млекопроизводители.

✅ Поддршка обезбедивме преку програмата за рурален развој во набавка на педигриран добиток.

✅Собранието го усвои и законот за зоотехника.

Оваа 2024 е година на сточарството.

✅Од 4.000 ја зголемуваме на 12.000 денари поддршката за женски грла говеда.

✅Од 400 ја зголемуваме на 1.000 денари поддршката за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет.

✅Од 120 на150 зголемување кај мерката за амортизирани несилки предадени во регистриран кланичен капацитет.

✅Креираме нова мерка за поддршка во одржувањето на ливадите во висина од 6.000 денари по хектар.

✅Го помагаме сточарството зголемувајќи ја платата на овчарите од 360.000 денари по овчар на 620.000 денари по овчар.

✅За поголем мотив го менуваме максималниот износ на директни плаќања по корисник кој досега изнесуваше за сите мерки 18.450.000 денари, а сега со измените достигнува 18.450.000 денари збирно за мерките од растително производство и исто толку за мерките од сточарско производство.

Дали можеме повеќе? Да, можеме и да, мораме. Можеме заедно, уште повеќе да направиме за развој и модернизација на македонското земјоделство.”

-фејсбук статус на Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace