Колку поголем е хаосот толку полесно се креира систем за контрола и потчинетост!
Оваа теза е општествена реалност во која што Македонија живее со децении а најексплицитно манифестирана во последните 7 години.
И токму Македонија е претворена во див социо-биолошки резерват за тестирање и инструментализација на основната човекова егзистенцијална природа за остварување на доминација и контрола над широки народни маси во глобални светски рамки.
Цела Македонска јавност се сеќава на настаните од упадот на толпа граѓани кои претходно протестираа повеќе десетици денови по улиците ширум Македонија и во Скопје, во Македонскиот парламент.
На секој еден малку од малку заинтересиран граѓанин му е јасно за што точно стануваше збор во поедини сегменти на значењето на овој настан, додека пошироката слика иако се насетува, останува некомплетирана.
Три години подоцна светската јавност беше сведок на упадот на иста таква толпа на народ во Капитол Хил во Вашингтон. Случајност? Не би рекол….
Искористувањето и злоупотребата на органите на прогонот, (полиција, судство и обвинителство) во политички цели за пресметка со политичките истомисленици, како општествен феномен е можеби присутно подолго време во светската историја, но вака јавно, очигледно и експлицитно манифестирање на оваа појава во јавниот дискурс, не е никаде познато толку многу какво што беше спроведено во Македонија во изминатите 7 години, додека во моментот се спроведува во САД. Финансиска моќ на Доналд Трамп му дозволува комодитет да се спротивстави на институционалниот прогон за да го спречат неговиот втор претседателски мандат, но во Македонија не постои политички фактор кој што може да се спротивстави на ваквиот терор врз политичките неистомисленици од инфилтрирани моќни структури на т.н. длабока држава во институциите на Македонската држава.
Барем не така фронтално како Доналд Трамп.
Македонците како и во голем број други млади демократии, зборот демократија го доживуваат паушално и ноншалантно.
Вистинската природа на опјективната демократичност е далеку посуштинска и далеку покомплексна за да може да биде перцепирана од граѓанин на Македонија израснат и кој живее во виорот на актуелниот децениски општествен хаос.
Нашата Македонска демократија е на ниво на прв сончев зрак зад источниот хоризонт, додека демократијата во западните демократии е на својот залез. Затоа Македонија уште многу долго ќе биде плен и мени на масата на западните кулинарски гастрономи.
Во тој временски расчекор на наша игнорантност и глупост Македонија ќе продолжи да биде поле за орање (не сакам да кажам потежок термин) во идниот се поизвесен глобален светски судир.
Како да се преживее?
Не случајно ова е Божја земја, не случајно овде Македониумот опстојува со милениуми.
Со мудрост и интуиција родена од традицијата, заветите на минатите генерации, знаењето и познавањето на на нашиот сопствен Македонизам и сила која се раѓа само на ова геогравско поднебје. Тие не се апстрактен поим, тие не се идеја или мит или легенда. Ако се свртиме околу себеси ќе ги видиме и мудроста на традицијата, исконскиот нагон за проживување преку непрекината борба, нашите историски великани кои со своето дел зборуваат гласно во временскиот континуитет во кој што живееме, содржани во нашиот јазик обичи, култура, усмени и пишани знаења, семеен континуитет и стабилност во чекорот како свои на своја земја.
Епилог:
Соберете 100-тина црни мравки и 100-тина црвени мравки. Ставете ги во мала тегла. Посматрајте ги како живеат во хармонија.
Потоа протресете ја теглата и оставете на на земјата. Црвените и црните мравки ќе почнат да се убиваат меѓу себе под налетот на непознатата за нив егзистенцијална закана.
Не е наше да се бориме против нашите сограѓани кои живеат во нашата околина….
Наше е да се запрашаме: КОЈ ЈА ПРОТРЕСЕ ТЕГЛАТА???


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст