Борисла Крмов кој што во изминатите 4 години беше пратеник на политичката партија Левица имаше свое гостување во вестите на ТВ Сител, каде зборуваше за повеќе актуелни теми поврзани со рабтењето на неговата политичка партија.
Борислав Крмов во рамки на интервјуто ги кажа плановите на Левица за овие парламентарни и претседателски избори. Според Крмов Левица на парламентарните избори ќе освоела од 10 до 12 пратеници што е спротивно на досега спроведуваните анкети од независни истражувачки агенции кои што Левица ја позиционираат дури и зад движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски кој што како политички субјект е формиран пред 2 месеци.
Борислав Крмов соопшти дека Левица во моментот не атакува да стане власт по секоја цена а постизборна коалиција за евентуален влез на Левица во влада ќе направи принципиелно врз основа на програмските определби на Левица.
“Ние кога ќе завршат изборите ќе пуштиме една листа јавна со политички барања. Нема да се ценкаме за директори, нема да се ценкаме за кадри за тендери како што прават сите партии туку ќе пуштиме барања кои што ќе бидат политички. Ќе видиме која политичка опција што е најблиску до власта е спремна….”
-рече Борислав Крмов во интервјуто и продолжи:
“Ние сме партија која што е правена да трае. Оваа партија е формирана само со една цел а тоа е да дојде на власт. Во некоја ваква средна фаза ние можеме и да влеземе во коалиција но само принципиелно и само доколку тие принципи бидат испочитувани. “


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Д-р Башким Шабани со апел до населението: Еден донор може да спаси повеќе животи, тоа е чин на солидарност, емпатија и човечност
Обраќање на Премиерот Мицкоски на Советот на Германско-Македонската стопанска комора
Младите ја креираат зелената иднина – Божиновска ги додели признанијата на победниците на националниот натпревар за зелени иновации