БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Убава вест за виничани: Вака ќе изгледа новиот затворен градски пазар во Виница

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Виница Миле Петков во јавноста сподели повеќе информации во врска со почетокот на изградбата на новиот затворен градски пазар во Виница.

Станува збор за проект кој што завзема значајно место во програмата на градоначалникот кој што значително ќе допринесе за развој на локалната економија и стандардот на живеење во Виница.

“Виница најкасно за 12 месеци добива нов затворен градски пазар.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Откако наследивме нефункционален проект за изградба на затворен градски пазар, за кој беа планирани над 30 милиони денари за негова изградба.

За оваа градба која предизборно веќе беше започната, не беа исплатени ниту еден денар за извршените работи.

Проект со кој се планираше катна гаража за десетина паркинг места со која дополнително се зголемуваше вредноста на овој проект.

И избран изведувач кој не се придржуваше кон изведување на градежните работи согласност склучениот договор од претходниот градоначалник.

Го раскинавме договорот и ја наплативме банкарската гаранција за непочитување на договорот со сите казнени пенали.

Изработивме измена на проектот со кој законски пропишаните паркинг места ги овозможивме без изградба на катна гаража.

И конечно после спроведена јавна и транспарентна тендерска постапка, денес склучивме договор по измените на проектот со кој вкупното чинење на изградбата на затворениот градски пазар ќе изнесува 16 милиони денари.”

-соопшти за јавноста градоначалникот Миле Петков преку социјалните мрежи.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace