Во организација на здружението Македонски Аманет Македонец за Македонец во среда на 15 мај во скопски Аеродром ќе се одржи убав настан кој го заслужува вниманието на сите горди и достоинствени Македонци.
“На 15 ти мај 2024 година, ден среда, Нашето здружение по втор пат ќе го организира настанот Христијанските Вредности,Традицијата и Патриотизмот, столбови на Македонското семејство во паркот Јане Сандански во Аеродром.
Имаме чест и задоволство да го најавиме настапот на Давид Темелков кој ќе испее 5 песни,мини концерт, со преработки на Македонски Патриотски песни, но и неговата прекрасна МОЈАТА МАКЕДОНИЈА!!!
Сите учесници на овој настан и сите содржини ќе ги објавиме во сабота на 11 мај.
Ве покануваме од Аеродром, Скопје и сите градови низ Македонија на вистинско уживање во Македонската Песна и Традиција.
Поддржано од градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски.
15 ТИ МАЈ 2024 ГОДИНА, СРЕДА, ПАРК ЈАНЕ САНДАНСКИ АЕРОДРОМ
18.30 минути.”
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на организаторите на самиот настан.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена