БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за настан: „Состојбите во современиот македонски јазик: Македонскиот јазик во наставата“

Пренеси го гласот

Во организација на Филолошкиот Факултет “Блаже Конески” со Катедрата за Македонски јазик ври УКИМ во Скопје на 10 мај со почеток во 13.00 часот ќе се одржи тематска трибина насловена како „Состојбите во современиот македонски јазик: Македонскиот јазик во наставата“.

На настанот кој ќе се одржи во Големиот амфитеатар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески свое излагање ќе имаат повеќе стручни професионалци од областа на Македонскиот јазик и литература, а истиот е отворен за јавноста.

📢По повод одбележувањето на 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје има чест да ве покани на трибина „Состојбите во современиот македонски јазик: Македонскиот јазик во наставата“.
⏰📌Трибината ќе се одржи на 10 мај 2024 г. во 13:00 ч. во Големиот амфитеатар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.”

Креирано од:


Пренеси го гласот