Претстојната недела РК Делчево во рамки на 2 коло од првологашката конкуренција во машки ракомет ќе се сретне со РК Повардарие. Натпреварот ќе биде вистински тест за делчевци кои во првото коло во драматичен и неизвесен натпревар во завршните минути ја однесоа победата и го донесоа првите бодови во Делчево. Во тој натпревар совладана беше екипата на Спартак од Скопје со 33:32. Домаќините во последната минута имале можност преку пенал да изедначат но гостинскиот голман бил јунак на натпреварот кој и донесе слатка победа на екипата од Делчево. Натпреварот в недела е закажан со почеток во 15 часот, а ќе се одигра во салата “Методи Митевски Брицо“.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена