БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Нов Балкан

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

После победата на Стево Пендаровски, поклонета од албанскиот електорат, проектот Нов Балкан ита забрзано кон целта.

Што се однесува до Македонија и македонците, веројатно сега сите се прашуваат па што има врска тоа со нас, дали ние имаме уште нешто што можеме да го изгубиме. Епа има и тоа многу што да изгубиме. Победата на Стево Пендаровски беше одземање на единствената легитимна институција која беше во рацете на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, а од сега па понатаму следи фазата на прием на мигранти и последната фаза кантонизација.

Папата на 7ми Мај доаѓа со цел да заповеда голем број на мигранти, етапно од по неколку илјади, да се сместат на територија на Македонија, а сега тоа да се случи нема апсолутно никаква пречка, од инаугурацијата на Стево Пендаровски ќе започни тој проект забрзано да се спроведува. Во овие моменти низ сите грчки кампови, мигрантите се обучуваат како да аплицираат за добивање азил во Македонија, за условите кои треба да се исполнат за наоѓање работа во Македонија и слично. Паралелно започна еден друг процес во соседна Бугарија, каде исто папата упати апел до Бојко Борисов да прифати уште повеќе бегалци од тие што веќе се стационирани во Бугарија и да почни да ги населува на некое соодветно место. Зошто е тоа важно ќе ви кажам подоцна.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Предвремени парламентарни избори нема да има тоа се гледа од авион, а тоа е дополнителна лоша вест за Македонија. Останува на власт Зоран Заев најмалку до Декември 2020 година, а дотогаш ќе гледаме грабеж во живо на сите медиуми дено-ноќно и тоа ќе ни биде претставувано како нормална работа, а за тоа во каква економска состојба Зоран Заев ќе ја остави Македонија во 2021 година ич не сакам да зборувам, тоа жанровски спаѓа во хорор.

На следните парламентарни избори, ако Зоран Заев оди сам како СДСМ без ДУИ, ќе биди потопен како Титаник, затоа, најверојатно СДСМ и ДУИ на парламентарни ќе одат заедно, а условот на ДУИ ќе биде воспоставување на кантонизација во Македонија. Најверојатно Македонија ќе биди поделена на три кантони, еден ќе биди Западна Македонија, вториот ќе биди Скопски кантон и третиот кантон ќе биди Источна Македонија. За ова да се случи, треба прво да падни Вучич во Србија, а новата власт да го признае Косово како независна република. Во таа акција Зоран Заев е запрегнат до лакти и работи на случајот. Откако ќе падни Вучич, кантонизацијата на Македонија ќе се спроведи многу брзо со цел воспоставување на каква таква голема Албанија, а потоа, целата игра се сели на Исток кај Бугарија и пред портите на Бојко Борисов, кој претпоставувам ќе одбие да прими голем број на мигранти, а западните нео-сатански либерали секогаш имаат џокер во ракавот, па така имаат и некоја будала во Бугарија, која ќе се нафати да го смени Бојко Борисов и да ги прифати мигрантите крај себе.

Дали во текот на читањето си правите визуелизација на новиот Балкан и како тој би требало да изгледа, со поделена Македонија, независно Косово, Голема Албанија и премногу мигранти во Македонија и Бугарија кои имаат задача демогравски да го изменат Балканот ??? Ете така…

Дали има чаре, јас би рекол да, секогаш има …
Првата шанса за да не се случи ова сценарио ја испуштивме, пуштајќи ја Гога по вода, а со тоа и предвремените парламентарни избори,на здравје. Втората шанса  да се спасиме од ова сценарио е токму кај тие што ја пуштија Гога по вода, а тоа се бојкотирачите кои се 55% од населението во Македонија или од прилика околу еден милион жители кои се надевам дека во идниот период ќе повикаат на масовни протести против власта. Или ќе чекат повторно од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да повика на протести ? Ќе видиме …

Во секој случај, од денес па понатаму ништо не е во наши раце. Намачкајте ги довратниците и надвратниците со јагнешка крв за  да ве одмини злото кое го носи папата, потоа да се надеваме дека нема никој да изврши атентат врз папата, според предвидувањата на Нострадамус, потоа да се надеваме дека барем до Декември 2020 година нема да паднат Вучич и Борисов и како трето да се надеваме дека кога ќе почни вселувањето на мигрантите македонскиот народ ќе излези на улица во солидна бројка и нема само да чука по тастатурата. И ако мислевте дека тоа е се, ни останува уште да се надеваме дека на парламентарните избори во 2020 година нема да има бојкотирачи кои ќе ја сопнат промената на Зоран Заев, а исто така да се надеваме дека ВМРО-ДПМНЕ нема во своите листи да кандидира уште неколку нови, Муковци и лажни Узуновци.

Пишува:
Виктор А.К.А. Башла

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace