Каква е таа влада во која министрите изјавуваат, без окно да им трепне, дека не одговараат пред премиерот, туку пред нивниот партиски лидер?
Таа не само што е невлада, т.е. влада како привид или привид како влада, туку тоа говори дека Владата, а со неа и сите сегменти од општеството, се целосно партизирани. Тоа значи дека во Република Македонија државата е изедначена со партиите на власт и обратното – партиите на власт се изедначуваат со државата. Потоа, некои се чудат зошто сме на ова тереџе.
А каде треба да бидеме кога вицепремиерот, задолжен за ЕУ интеграции (Бујар Османи) за свој лидер не го признава Зоран Заев (номинален премиер на Р.М.), туку својот партиски шеф, Али Ахмети?
Ако така се однесува вицепремиерот, тогаш што може да се очекува од другите?
Притоа, уверуваат дека Европа ни се приближувала.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за проневера во службата во ФФМ
Алиу на економско-социјалниот совет: За секој денар од акциза од тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето
Присуство на висока партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од ген-секот Драган Ковачки на конференција посветена на иднината на Македонија