Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки имаше можност да биде дел од конференцијата која што беше реализирана од страна на меѓународната фондација Јарл Хјалмарсон како и партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ.
“Присуствував на конференцијата посветена на европската иднина на Македонија, организирана од Фондацијата Јарл Хјалмарсон и ВМРО-ДПМНЕ, каде што имав можност и лично да се обратам пред присутните.
Конференцијата претставуваше одлична платформа за размена на идеи, искуства и ставови со релевантни чинители, експерти и носители на политики, со заедничка цел обезбедување сигурна и просперитетна европска иднина за нашата држава.
Изразувам искрена благодарност до Фондацијата Јарл Хјалмарсон и до нашата партиска структура за одличната организација и можноста да бидам дел од овој значаен настан.”
-напиша на социјалните мрежи во врска со овој настан ген-секот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Новото раководство на Комората оствари средба со министерот за здравство
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп