БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: Коридор 8 го градиме со силна динамика, автопатите и железницата ќе ги изградиме во предвидените рокови

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Коридорот 8 го градиме со силна динамика и во делот на автопатиштата и во делот на железницата. На време ќе ја завршиме изградбата на пругата кон Бугарија, онака како што ветивме и како што постигнавме договор со Бугарија. За изградбата за тунелот ќе продолжиме онаму каде што застанавме со вицепремиерот Караџов. Во западниот дел планираме реконструкција на целата пруга од Скопје преку Јегуновце-Гостивар до Кичево. За делот до границата со Албанија имаме планови и волја, но интерес треба да покаже и другата страна, истакна вицепремиерот Николоски на состанокот посветен на реализација на инфраструктурните проекти на Коридор 8.

 “Проценетета вредност за изградба на тертиот дел од пругата кон Бугарија останува ист. Очекувам не подоцна од десетина дена од денеска да излезе и тендерот за изградба, така што во текот на летото да можеме да ги започнеме градежните активности за третата фаза од пругата кон Бугарија, односно делницата која што оди од Крива Паланка до заедничкиот тунел кој што го имаме со Бугарија. Во однос на тунелот, извесно е дека Бугарија ќе има стабилна влада, ќе продолжиме да работиме онаму каде што застанавме со вицепремиерот Караџов и дека во текот на летото и таму ќе бидат завршени работите. Рокот за завршување на пругата останува ист, 2031/2032 година целосно од наша страна да завршат работите. Бугарија ветуваат од нивна страна дека ќе работата со исто тепмо, тие имаат дел да изградат дел да реконструираат” – изјави вицепремиерот Николоски.

Во однос на делот од Бељаковце до Крива Папална, вицепреиерот истакна дека надминати се проблемите и очекува забрзување на градежните работи. Во делот на западниот железнички Коридор 8, истакна дека Македонија има силна волја да ја доизгради пригата, но истакна дека е потребна посветеност и од соседите.    

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“ Проценката е дека од Кичево до граница со Албанија ќе чини 2 милијарди евра, што се огромни пари и за да имате претстава сите капитални проекти во текот на годината се 750 милиони евра, што значи дека ова се буџети кои надминуваат многу многу години. И ако ние се доведеме до ситуација која ќе застане на границата тогаш тоа би било наивно од наша страна и затоа ја отворам оваа тема. Она што беше изборно ветување на последните избори во Албанија беше изградба на пруга Тирана – Драч-Бар и ние немаме проблем со тоа. Ако имаме јасна заложба и ако видиме иста посветеност и од страна на Албанија, ние ќе најдеме начини да ја изградиме пругата” -истакна вицепремиерот Николоски.    

Во делот на патиштата, вицепремиерот истакна дека изградбата на автопатите од Тетово до Гостивар и од Гостивар до Букојчани се одвиваат со предвидената динамика. За автопатот од Кичево до Букојчани се очекува да се избере изведувач најскоро, а истото е предвидено и за автопатот од Скопје до Блаце.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace