Денеска, ЈОУ Библиотека „Искра“ Кочани го одбележа 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право.
На настанот, библиотекарот Благој Рашков ја прочита националната порака по повод празникот, годинава напишана од Иван Шопов, во која се истакнува трајната вредност на книгата како извор на инспирација и простор за дијалог.
Директорката на „Искра“, Кристина Ѓорѓиевска Атанасова ги додели наградите на највредните и најуредните читатели: Мартина Димитрова, Вилија Камбова Илиева и Виолета Ѓеорѓиева.
Во рамките на празнувањето беше промовирана и стихозбирката „Опеани спомени“ од роднокрајната авторка Блашка Стојкова.





СЛИЧНИ ОБЈАВИ
31 годишен жител на Кочани се заканувал на својот сосед и неговото семејство
Во Кочани: Го пуштил своето куче на улица кое нападнало две женски лица
Ученици од Кајсери Турција, во рамки на Еразмус + програмата во посета на Пробиштип