БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Беровските средношколци меѓу најдобрите на ,,Предизвикот за млади истражувачи”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Светилките на Теслини бранови, е проектот на беровските средношколци, кој доби финансиска подршка од Фондот за иновации и технолошки развој, по отворениот предизвик за млади истражувачи, во вредност од 300.000,00 денари.

 Беровскиот тим составен од 6 ученици : Марио Пеовски, Марија Сирачевска, Евгенија Коловска, Андреј Бубевски, Емрах Реџепов и Алиса Чиндарова, под менторство на професорите Цветанка Пеовска и Владимир Капушевски, се најде помеѓу 14 тимови, од средните училишта ширум земјава.

Финалниот настан, беше одржан во градскиот парк во Скопје.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Комисијата за избор и оценување, одлучи да им додели финансиска поддршка на проектите од дваесет основни и четиринаесет средни училишта од целата држава, меѓу кои се најде и ОСУ,, Ацо Русковски” од Берово.

На ,,Предизвикот за млади истражувачи’’, учествуваа 88 основни и средни училишта. Предизвикот беше отворен од 01 февруари до 31 март, со цел поттикнување на критичко и креативно размислување кај младите и нивниот развој , како и стимулирање на иновативни идеи и акции во процесот на образование во основните и средните училишта.

Добиените средства, учениците од ОСУ,,Ацо Русковски” од Берово, ќе ги искористат за изработка на практичен модел, набавка на опрема, електронска табла, лаптопи  и обуки.

Креирано од:


Пренеси го гласот