Постојат голем број на злосторства извршени врз Македонски граѓани кои се евидентирани низ поновата историја. Најбрутални масакри инспирирани поради идеолошка или национална основа низ бурниот 20 век во колективната свест на Македонскиот народ оставиле незаборавни лузни кои до ден денес печат и болат.
Поради ваквите свирепи масовни ликвидации Македонскиот народ е еден од најрепресираните не само на Балканот туку пошироко во Европа а Македонската историја е една од најкрвавите.
Во функција на учење на историските грешки кои однеле голем број Македонски животи во неповрат а со цел истите да не се повторуваат во иднина, на нашиот интернет портал ќе ги реафирмираме историските факти околу овие немили настани од Македонската бурна историја:
Масакрот кај Дабница е колеж врз локалното население од страна на месните чети на ВМРО на Ванчо Михајлов. Настанот се случил на 18 мај 1925 година во пиринското село Дабница.
Масакрот е извршен во една куќа во селото Дабница, Неврокопско, Пиринска Македонија во 1925 година. Колежот е извршен врз македонското население од страна на месните чети на ВМРО на Ванчо Михајлов. Од селото повеќе од 300 лица биле насила одвлечени и три месеци, од април до јуни, биле подложени на крвави репресалии, пред очите на месните државни, административни и воени власти, а еден поголем дел од нив биле и убиени. Како последица на „жестоката инквизиција“, починале околу 200 души, а поголем број биле интернирани надвор од Пиринскиот дел на Македонија.
Куќата во која се извршени колежите е претворена во музеј, но по падот на комунизмот во Бугарија во 1989 година, таа е во очајна состојба.
Извори:
1.Петър Галчин, „Политическите борби в Пиринския край 1923–1939“, София, 1989.
Зоран Тодоровски, „ВМРО 1924– 1934“, Скопје, 1997.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Најстарата културна институција- Македонската филхармонија одбележува 80 години постоење
Во спомен на Мето Јовановски: -Малиот човек може да создаде нешто вонвременски важно и големо и повторно да остане оној скромен и обичен човек кој што бил пред овој негов подвиг
Ин мемориам: Петре Прличко- најголем меѓу големите, ѕвезда на едно време