Денеска Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, на фејсбук сподели повеќе фотографии од посетата која тој ја имаше со дел од раководството ан партијата на Скопското село Љубанци.

Оваа фотографија многу говори за заложбите на жителите на ова село кои на влезот од објектот каде што претстојуваа високите политички претставници на опозицијата напишаа на голем транспарент:
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Притоа тој напиша и свој пригоден коментар:
Ваква емоција кога се спомнува името РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, може да се почуствува само кај Унијата на млади сили.
Денес јубилејно го одбележавме десеттиот традиционален македонски ручек во организација на УМС Бутел, во црквата Св. Јован во Љубанци.
Од таму порачавме дека имаме сила, мотивирани сме, и ќе истраеме во борбата за правна држава, држава во која младите ќе го остварат својот сон тука, а не во туѓина, држава во која ќе биде гордост да се работи за неа.Ние имаме сила, сплотени сме, и организирани да ја вратиме државата во вистинскиот колосек, оној од кој оваа власт избега.
Да живее УМС,
Да живее РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, НИКОГАШ СЕВЕРНА! 👌🇲🇰


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена