Поради безбедносно изведување на планираните вежбовни активности-гаѓања, Командата на Гарнизонот на Армискиот полигон Криволак го известува месното население дека во периодот од 22 до 26 јули,оваа година, на повеќе реони на полигонот ќе се изведуваат вежбовни боеви активности.
Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока во овие реони, како и земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните.
Доколку се пронајдат такви средства, потребно е да се известат надлежните од АП Криволак или во најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кое ќе се изведуваат боевите гаѓања ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на АРМ, а ќе биде присутно и физичко обезбедување. – известуваат од општина Неготино.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет