БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ПРОГЛАС oд Илинденската средба во Торонто, Канада, 4 август, 2019 година

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Загрижени од тековните збиднувања во нашата татковина Македонија, ние Македонците од Канада, предводени од Организацијата Обединети Македонци во Канада и собрани на овој величествен Илинденски собир,

ПРОГЛАСУВАМЕ ДЕКА

1. Ние не ја признаваме оваа нелегитимната влада во Република Македонија, која не победи на избори и која на власт дојде со лажни ветувања;

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

2. Сите нивни промени на Уставот, законите, носење нови закони за двојазичност и слични, потпишување штетни меѓународни договори со Грција и Бугарија, се неважечки и ништовни;

3. Македонската историја е посебна и различна од сите соседни истории и истата е неделива и не споделива. Затоа, изразуваме револт против меѓудржавните комисии за историски прашања, кои се претворија во чиста распродажба на целата македонска историја;

4. Филип втори Македонски, неговиот син Александар трети Македонски, Гоце Делчев и сите други великани од македонската историја се само Македонци бидејќи тие оставија печат во македонската и светска историја како Македонци. Сите не Македонци кои сакаат да ги слават нашите великани, мора прво да назначат дека истите се Македонци; 

5. Наша гордост е македонсото знаме со македонското сонце од Кутлеш и ние ќе го користиме истото како национално знаме на сите Македонци ширум светот;

6. Ние прекинуваме секаква соработка со нелегитимната власт во Република Македонија и сите нивни водечки лица како и сите кои истите ги поддржуваат;

7. Бараме преиспитување на целата транзициска криминална приватизација, проверка на богатството на сите стопанственици и политичари од 1990 година до денес и конфискација на сиот имот на тие кои не можат да докажат чесно стекнат имот;

8. Безрезервно бараме етнички, јазични, културни и верски права за Македонците во поробените делови од Македонија кои нашите соседи со сила и измама ги поробија во 1912 година. Ние ветуваме дека неуморно ќе се бориме за Македонците во цела Македонија да ги уживаат сите човекови права како што се загарантирани од меѓународните договори.

Извор: Macedonia Newspaper

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace