Kоординаторот на пратеничката група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, Никола Мицевски повика на посериозен однос од страна на 28-те министри од владата на СДСМ кои скоро никогаш не присуствуваат во салата кога на дневен ред се пратенички прашања.
Денеска од 28 министри во собранието се присутни само 5. И ова не е прв пат. Односот на министрите од 28-те министерства во владата на СДСМ кон пратениците, го отсликува односот на целата влада кон граѓаните. Ова е веќе редовна пракса, на пратенички прашања кои се одржуваат еднаш месечно, да ни доаѓаат замениците министри, а некои министри во оваа сала немаат ни влезено од денот кога станаа министри. Затоа би замолил за посериозен однос и барем на последните пратенички прашања на оваа влада на заминување, да бидат присутни министрите за да можеме да ги поставиме прашањата,
-рече од говорницата на Македонскиот парламент Мицевски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист