Денеска (вторник, 03.12.2019) година во просториите на Општина Делчево се реализираше средба на претставници од 11 косовски општини со претставници на општинската администрација во Делчево.
Ваква средба се организира за првпат со официјална повеќечлена делегација од Косово во оваа општина во Македонија на крајниот исток на државата од Брегалничкиот регион.
Средбата со косовската делегација била со цел да се изнајдат партнери на косовските претставници чија што група броела 40 луѓе од 11 општини, со организации од Делчево за понатамошна идна соработка во областа на работата на невладиниот сектор.
Во иднина најавени се средби на косовски претставници со повеќе други општини во Македонија.
Досега општина Длечево на полето на меѓународната соработка работеше со повеќе европски земји, главно преку инструментот за збратимување на општини и преку ИПА компонентата за прекугранична соработка единствено со Република Бугарија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип