После неодамнешното Соопштение на СДСМ како да се однесуваат неговите членови на јавни места (ресторани и слични објекти) јас, доле непотпишаниот, го поднесувам следниот ПРЕДЛОГ:
„На ден да се јаде трипати – пред јадење, за време на јадење и после јадење. Првиот оброк да се зема наутро, на празен стомак, и да се состои од три фази – пред јадење, за време на јадење и после јадење. Наредниот оброк, исто така, да се состои од три фази – пред јадење, за време на јадење и после јадење. По него, негде приквечер, да се земе третиот оброк/јадење, кој, исто така, треба да се состои од три фази – пред јадење, за време на јадење и после јадење. Намирниците, по можност, да се јадат ЖИВИ. Тоа е, впрочем, и наше предизборно ветување. Ако нечиј стомак тоа не може да го поднесе, во тој случај, пред да се консумираат намирниците/храната, добро да се усмртат. П.С. Кон нашите членови можат да се приклучат сите чесни граѓани на Република Северна Македонија. Трипати ура за Северна! Ура, Ура! Ура!“


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одржан онлајн состанок со претставници на Европската комисија за Реформската агенда и Планот за раст
Николоски: Воена болница станува најмодерна во државата, целосно ја реконструиравме болницата “8-ми Септември”
Ристески на Конференцијата за МСП во Будва: Науката и бизнисот мора да имаат поголема соработка, истражувањето е алатка за правење постабилни, попаметни, поконкурентни и позелени бизниси