БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Одржан онлајн состанок со претставници на Европската комисија за Реформската агенда и Планот за раст

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Bekim Sali, заедно со претседателот на Владата и претставници на релевантните институции, одржаа онлајн состанок со високи претставници на Европската комисија во врска со спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан.

На состанокот учествуваше генералниот директор за проширување и источно соседство во Европската комисија, Gert Jan Koopman, како и други претставници на Европската комисија и државните институции.

За време на состанокот беше разгледан напредокот во спроведувањето на приоритетните реформи, динамиката на исполнување на реформските чекори и меѓуинституционалната координација во рамки на Механизмот за реформи и раст.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Беше нагласено значењето на продолжувањето на реформите во областа на владеењето на правото, јавната администрација, управувањето со јавните финансии, дигиталната трансформација и економскиот развој, како дел од процесот на европска интеграција на државата.

Соговорниците го потврдија партнерството и блиската соработка меѓу Владата и Европската комисија во реализацијата на реформските приоритети и унапредувањето на европскиот пат на државата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace