Денеска, 14 мај 2026 г., во 11 ч., во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани ќе бидат презентирани дел од активностите во рамките на проектот „Вештини – клучот на зелената економија“, во чии рамки се спроведуваат обуки за собирачи на билки и шумски плодови и за дизајн на домашни билни градини.
Проектот е поддржан од од Амбасадата на Словенија, Министерството за надворешни и европски работи на Словенија, МРК Дијалог / Центар за истражување на природата и културата NATURE EXPEDITION и Општина Кочани.
На промоцијата ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и амбасадорот на Република Словенија Грегор Прескер.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Започна регистрацијата за обуката „AI4HerWellbeing“ – спој на вештачка интелигенција и благосостојба за жени во Кочани
36 годишен жител на делчевското селo Габрово го нарушувал јавниот ред и мир во кафеана а потоа физички нападнал полицаец
29 годишен жител од Кочани физички ја нападнат неговата сопруга