БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: Воена болница станува најмодерна во државата, целосно ја реконструиравме болницата “8-ми Септември”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со инвестиција од 12 милиони евра, целосно се реконструираше и се надгради болницата “8-ми Септември”. Инвестицијата се реализираше во соработка меѓу Владата и ТАВ. 

Со реализација на овој проект се направи целосна реконструкција и опремување на оперативниот блок, потоа реконструкција на одделот за интензивна нега, административниот дел, реконструкција на одделот патологија и клиничка лабораторија и комплетна реконструкција на кровот. Исто така поставени се и фотоволтаични панели со што се подобрува енергетската ефикасност.

На увид во реконстурираната болница, присуствуваа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик претседателот Александар Николоски, министерот за здравство и други претставници на Владата како и директорот на ТАВ. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во своето обраќање вицепремиерот Николоски истакна дека граѓаните добиваат најмодерна болница во државата.

“ Навистина е посебно чувство кога се завршува еден голем проект, а денес завршуваме проект што има огромно значење не само за градот Скопје, туку и за целата држава. Во оваа болница секојдневно доаѓаат пациенти од цела Македонија барајќи врвна здравствена услуга. Се работи за врвна задравствена институција. Со оваа целосна реконструкција, дефинитивно најдобрите здравствени услови ќе можат да се најдат во “8-ми Септември”. 

Кога се завршува еден проект, важно е да се каже и како започнал. Веднаш по изборот на оваа Влада, анализирајќи ја документацијата и состојбите што ги затекнавме, утврдивме дека имa околу 15 милиони евра нереализирани средства од страна на ТАВ, како концесионер на двата аеродроми. Во однос на ова размислувавме што да правиме и на еден состанок со премиерот Христијан Мицкоски, тој ја даде идејата да инвестираме во нешто што ќе остане за генерациите по нас – целосна реконструкција на популарната Воена болница, денешна „8-ми Септември“.

Денес, го имаме проектот завршен под негово водство, во соработка со директорот на болницата, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, ТАВ и ние како Министерство за транспорт, помогнавме таму каде што беше потребно. Се надевам дека од тука ќе излегуваат добри приказни, успешни оперативни зафати, излекувани пациенти и луѓето ќе си замниуваат со насмевки од тука, а ние ќе продолжиме да работиме”-истакна вицепремиерот.

Извор: Министерство за транспорт

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace