Согласно најавите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и конзистентната политика денеска беше претставена кандидатската листа за пратеници во Македонскиот парламент на која доминантно се застапени нови личности, со исклучок на поранешниот Координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски од Штип, пратеникот Јохан Тарчуловски и пратеничката Благица Ласовска.



Носител на листата очекувано за познавачите на состојбите во партијата е Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев кој во изминатиот период беше еден од предводниците на партијата во борбата против силната репресија врз неистомислениците од страна на СДСМ и Зоран Заев и кој ужива голема доверба и поддршка кај базата на партијата.
Како втор на кандидатската листа се наоѓа Иван Јорданов од Штип кој што е член на Извршниот комитет на партијата и Претседател на Општинскиот комитет во Штип.

Следуваат Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска како и членот на ИК на ВМРО-ДПМНе Иванка Ина Василевска.

Интересно е што на листата за кандидати за пратеници за првпат се наоѓаат двајца кандидати од Делчево. Тоа се Драган Ковачки кој се наоѓа на 11-то место како и Христина Смилевска која е позиционирана на 18-то место.


Во продолжение ја објавуваме целосната листа на кандидати за пратеници во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист