БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кандидат за пратеник на листата на Коалицијата на СДСМ со хуманитарна акција во Делчево. Реакција на опозицијата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кандидатот за пратеник Аксел Ахмедовски од редовите на коалицијата “Можеме” предводена од СДСМ кој што е и поранешен министер без ресор во Владата на Зоран Заев, на социјалните мрежи се пофали со реализирана хуманитарна акција со доделување на прехрамбени артикли за 53 семејства.

Ахмедовски истакнува дека акцијата се реализира на ниво на третата изборна единица во соработка со Граѓанскиот сектор и Општинските власти.

Во продолжение ја пренесуваме неговата објава:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За ваквата постапка реагираше во јавноста Горанчо Тодоровски кој што е Претседател на Општинскиот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Делчево.

Тој го обвинува Ахмедовски за предизборен поткуп и за непочитување на препораките на власта за превенција и заштита од пандемијата со Ковит-19.

Во продолжение го пренесуваме неговата реакција до јавноста:

🤔 Во кое својство и со кои средства претседателот на ПДПР и кандидат за пратеник на претстојните парламентарни избори на листата на СДС во ИЕ3 и претседателот на локалниот огранок на истата во Делчево спроведуваат некаква си хуманитарна акција во Делчево кај ромската популација?
➡️ “Во соработка со Граѓанскиот сектор и Општинските власти???” 👏👏👏
📣Дали Делчево ќе биде следна општина на мапата на општини кај чиј граѓанин е дијагностициран вирусот КОВИД 19?
Не само што како власт предизборно вршите поткуп, не само што не ги почитувате мерките што впрочем на еден куп прес-конференции дневно ги најавувате, туку јасно е дека само ви е важен вашиот личен ПР и ништо друго.
Очигледно е дека за здравјето на граѓаните и нацијата ама баш ич не ви е гајле и нема да ви биде, зашто партијата ви е поважна од државата.
Додека трае забраната за јавни собири, вие се “грижите” за ефикасно ширење на вирусот.
Можете слободно да ТАНЦУВАТЕ со короната, но со ваш ЧЕКАН по глава си удирате, а што е најважно удирате по здравјето на сите граѓани.
Дно!!!
#СедетеДома
#ЗатоаШтоСекојЖивотВреди

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace