БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

29-ти Роденден на најбројната политичка младина во државата: Еднаш УМС- секогаш УМС

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

2️⃣9️⃣ години Унија на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ,
2️⃣9️⃣ години авангарда и столб на младината!
Поминавме многу години заедно, многу генерации се вградија и дадоа свој допринес во најголемиот политички помладок во Македонија. Нѐ чекаат уште многу години работа, труд и посветеност за #Македонија.🇲🇰

◾ Ја користам оваа прилика за да се обратам до сите млади во државата, не само до македонците, туку и до албанците, турците, србите, бошњаците, власите, ромите.
До сите млади без разлика на нивната национална, верска или друг вид на определба.
▪️Македонија поминува низ најтешките мигови од осамостојувањето до денес. Нашата генерација не видела потежок период во својот живот.
Светската пандемија на коронавирус која коси насекаде низ светот направи штета и во Македонија. Заради неодговорниот пристап на власта последиците кај нас се полоши од другите земји. 20% од заразените се доктори, затоа што немаат услови и опрема за работа, бизнисите се на колена државата не им помага, голем дел од нас ќе останат и без примања, од ден во ден е се полошо. Ова можеме да го надминеме само заедно и со максимална одговорност и дисциплина.

Но, по дождот следува сонце☀️. Така и после оваа криза ќе мора да дојде до економско заживување. Тоа е единствено можно со чесни и одговорни политичари, какви што моментално во власта немаме. Затоа е
ВМРО – ДПМНЕ тука, за да застане во најтешкото и да помогне, но и со својот капацитет да ја извади државата од кризата која ќе дојде.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

⚫🔴Унијата на млади сили е тука, на располагање на Македонија, волонтерски и со сите наши капацитети ќе се вложиме за татковината. Како секогаш до сега, така и од сега. Одговорно и посветено.💪

Во изминатиов период стекнавме многу нови меѓународни контакти. Наши членови беа на голем број конференции низ Европа и светот. Покажавме дека Македонија може да биде рамо до рамо со секоја држава. Видни млади луѓе од цел свет ја посетија Македонија, се сврзаа со државата и стануваат македонисти, луѓе амбасадори на нашата татковина. Сите тие контакти и искуства ќе ги искористиме за Македонија.

Активно се вклучивме во многу иницијативи. Зедовме учество во создавање на Законот за млади, се бориме за поголема младинска застапеност во општествено – политичките збиднувања. Ја кренавме УМС повторно.

Се дружевме, работевме и служевме на младите и на Македонија.🤝🇲🇰

Сето досегашно искуство сега ќе треба да го примениме.

Оваа година ќе биде година во справување со коронавирусот и последиците од истиот.

Знаеме и можеме и спремни сме да помогнеме на секого!

⚠️Додека да помине пандемијата, Ве молам да ги почитуваме препораките на Светската Здравствена Организација, да го почитуваме полицискиот час, кој е за наше добро, да ги почитуваме препораките на лекарите, затоа што секој живот е важен!

Да не ја заборавиме и економијата, која секој од нас индивидуално може да ја помогне со купување на македонски производи. Со секој купен македонски производ помагаме да се зачува едно работно место, и помага на некоја фамилија да се прехрани и да го помине овој тежок период. И помагаме на Македонија. Затоа што ја сакаме Македонија.

Овие проблеми ќе ги надминеме заедно. Заеднички ќе го премостиме секој проблем и заеднички ќе изнајдеме решенија за подобра иднина.

Следуваат убави моменти. Доаѓа време за обнова.

Нека ни е среќен роденденот на УМС.
Да живее УМС.
Да живее Македонија❗🇲🇰

Креирано од:


Пренеси го гласот