Професорката Тања Каракамишева преку социјалните мрежи упати прашење до надлежните за процес за спалување на печатени книги од различни автори. Според објавената фотографија од страна на професорката станува збор за наслови на книги со тематика од Македонската историја.
Доколку оваа информација е точна дополнително упатуваме прашање во јавноста кој го наредил ваквото спалување и која е точната листа на наслови кои ќе бидат спалени?
Во продолжение го пренесуваме фејсбук статусот на Тања Каракамишева:
“Добив информација дека овие книги се запалени во фабриката за хартија во Кочани.
Дали е точно и ако е точно барам одговор од директорот и од надлежните кои се причините за нивното палење?
Зошто токму палење на книги?
Германско-еврејскиот поет Хајнрих Хајне напишал: „Онаму каде што палат книги, наскоро ќе горат и луѓе”.”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист