БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ана Љубиќ: Ако се прашувате што сакав да сум , ќе ви кажам -Професорка по македонски јазик и литература

Пренеси го гласот

Да можев само  да си дадам одговори кои ќе ми го сменат сонот на подобро, се би било полесно.

Но имам 320  не одговорени и збунувачки прашања кои одвнатре ме јадат како црв , најубавото јаболко.

Тука сум.  И не сум во можност да бирам да сум во некоја друга земја со некои други луѓе…

Сега не можам да знам како би била и би се чувствувала како Германка, Францунзинка  и така натаму , но знам како се чувствува една Македонка, која има српски корени.

Чесно си го носам презимето,  и го сакам сето онaа кое сум ЈАС.

Тука сум во МАКЕДОНИЈА,  газам по почвата Македонска, го играм орото Македонско, пеам песни Македонски, зборувам и пишувам на Македонски, бидејќи јас сум сето тоа.

Мојот јазик е Македонски и мојата родена земја е МАКЕДОНИЈА.

Но почнав да  чувствувам како да сум вишок, и дека не припаѓам тука.

Почнав да истражувам и да барам работа во странство на само 20 години …

Јас на 20 години размислувам да заминам со само еден куфер,  со недоволно познавање на светот,  кога се градам , сакам да побегнам од мојата родена земја….

Е тоа се тие 320 прашања во мојава глава кои секоја ноќ не ми даваат мир..

Кога еден млад човек решава такво нешто, мислам дека треба  и власта но и опозицијата да стават прст на глава и размислат … зошто?

Зошто сите заминуваат , никој не сака да остане, сите сакаат  да се што подалеку , и да слушаат што се случува но не да   гледаат и чувствуваат на своја кожа.

Кога јас како млад капацитетен човек, со добра професија, за тука и надвор од тука, ќе седнам на балконот гледајќи во синилиото над мене, и почнам да ја сложувам рубриковата коцка за мојата држава , тоа нема крај… не можам да стигнам до крајниот посакувам резултат, бидејќи ако едно нешто излезе како треба, веднаш по него уште 10 работи кои не се совпаѓаат .

Со едно прашање ми излегуваат уште 5 најмалку подпрашања.

Знаете јас никогаш не сакав да мислам дека ќе заминам, станав студент кој својата желба ја закопа длабоко во душата.

Никој не  ми даде светло да сум она што го сакав со цело срце и душа…

И ја паднав, меѓу љубовта и парите , јас ги избрав парите и странството како излез од овој мрак… и тоа е една грешка која не можам да си ја простам себе си .

Ако се прашувате што сакав да сум , ќе ви кажам –

Професорка по македонски јазик и литература !

Мојата најголема љубов,  но велат – е што  ги има со лопата да ги црпеш таквите, е што тука ли каде нема живот? Тука ли каде се згаснува? Тука ли кога луѓето немаат право на збор? Тука ли кога законот е само на хартија, тука ли кaј што факултетот и дипломата не вредат? Тука ли каде се’ продадоа и македонското го предадоа? Тука ли дете, тука ли каде не’ преименуваа, каде се што е македонско сакаат да ни одземат.. името, сонцето, Гоце…. ќе им текне и јазикот….

Тука.. жал ми е што станав една од оние која не го послуша срцето, онаа која не застана исправено и сигурно, онаа која не ја одбрани љубовта… и јас се продадов , за плата  каква овде ќе е само сон…

И  јас станав една од оние која учи за да замине.  А има ли поубаво од тоа да си свој на своето.

bregalnickimarketing

И тука може добро да се живее. Ама тука од држава се прави циркус, од луѓето кловнови, издресирани животни, кои играат онака како им се диктира.

Веќе се ни е  јасно , дека големите ни ги кројат капите… но и народот не е глуп! Ќе дојде денот кога капите ќе бидат фрлени и конечно ќе се слушне гласот на овој напатен народ !

Жално е што секогаш сме во тесно, секогаш нешто трпиме, додека некој си игра и си бутка пари во џебовите некој останува без својата минимална дневница која ја зема за да се прехрани и ги прекрие трошоците.

Ние сме таа држава каде казните се повисоки од платите. Каде една плата не покрива се, заглавени во кредити, во замка на оние кои се во удобните фотелји .

Ние сме држава каде се е помило освен Македонското . и можам да се обложам дека –

Македонски серии, приказни, филмови не гледаме, македонски производи слабо купуваме, само одредени песни слушаме, бидејќи бугарското и српското ни ја кинат душата, Македонски места не посетуваме, а за преку граница и гаќите сме во состојба да си ги дадеме, и нема да јадеме , но ќе сме на плажа во соседтсвото.

Ние сме држава каде за мојот живот повеќе знае некоја икс персона , отколку јас, ние сме држава каде брат со брат не се сака, каде вечно има расправии за имоти, каде само се собираме на погреби, а вака си праќаме лајкови, и срциња…

Ние сме држава каде кило со кило не е исто, каде правдата не е на прво место, каде човекот е само едно зборче, каде  луѓето рмбаат, обработуваат ниви, одгледуваат животни за да не им се возврати ни пола од она што го прават.

Па мислам дека треба да се даваат парични награди за сите оние кои тука остануваат… не е многу, ќе има , доволно од исперените пари за да ги залажете и мотивирате луѓето да останат…

Ех, кому ја оставаме Македонија, не е ни пола што некогаш било…

Велат не се жали имаш се,  ќе кажам од се го имаме само ЖИВОТОТ И ЗДРАВЈЕТО –

Но се плашам, се плашам за се што следува тука… во каков колапс сме, каква ли ќе ми е дијагнозата?

Се плашам за мојата иднина, за пари ќе треба животот да ми го одземат, се плашам да побарам помош, само за да не зборуваат, а и секако нам сите врати ни се треснуваат директно во лице како да сме партал најден на улица…

И баш во оние , оние во кои најмногу веруваш, им го доверуваш својот живот, некој свој близок и чекаш добри вести, тие незаинтересирано ти одговаарат , ладно , без чувства и емоции, па се сомневам дека не се луѓе , туку програмирани роботи, со чест на исклучоци на некои одредени луѓе. За таквите капа долу, но се реткост…

Пред извесно време се најдов во ургентен центар ( не за мене) ,  еден доктор се насмевна, си помислив сепак има надеж….

Па затоа и мојата идеја за странство ќе ја оставам на страна, ќе оставам три точки пред мене, ќе му дадам време на времето и уште малку ќе почекам, но не ветувам дека нема да заминам.

Ако некој ги има читано моите колумни  знае дека се борам за оваа држава, за живот во оваа држава… само не знам зошто толку големо бунило во мене сега, зошто ?

Можеби затоа што веќе 2 месеци сме во карантин, па имав доволно време убаво да размислам за се што се случува, што се готви и крчка тука, имав доволно време да си поставувам прашања… жално нема кој да одговори….

Пишува: Ана Љубиќ

Креирано од:


Пренеси го гласот