БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Комити- Скопје: Со саможртвата на Солунските атентатори цел свет ги изговори зборовите, Македонци, Македонско, Македонија!

Пренеси го гласот

Во периодот помеѓу 1899 и 1903г. ‘Организацијата’ започнува да планира и оперативно организира серија ефикасни акции кои со малку средства, луѓе, краткот период, и минимална колатерална штета и без цивилни жртви, треба да го сврти вниманието на големите сили врз Македонија, со цел отварање и решавање на Македонското прашање.

Започнува во 1899 со планот за атентат над Султанот Абдул Хамид Втори во Цариград (Истанбул). Потоа со детално планирање за уривање на најголемата банка во Отоманската Империја – Отоманската банка во Цариград, копајќи тунели цела година под банката…Обид за уништување на славниот воз Ориент експрес, кој го поврзувал Париз со Истанбул.

Но во периодот од 28-ми Април до 1-ви Мај, 1903г. група млади Револуционери “Гемиџии” – во голем дел при целосна свест и план да ги положат животите, организираат хаос во големи размери во најзначајното Европско пристаниште на Отоманската Империја – Македонски Солун.

– Потопен е Францускиот брод “Гвадалкивир”,
– Дигната е во воздух и онеспособена во целост е железничката пруга Солун-Истанбул…
– Цел Солун е во мрак, уништена е цела гасна, електрична мрежа и улично осветлување…
– Сопрено е водоснабдувањето на цел Солун…
– Уништена во голем дел најголемата Европска филијала на Отоманската банка – Солунската…
– Фрлени се бомби во театарот “Алхамбра”…
– Фрлени се бомби на главните улици во центарот на Солун…
– Делумно е уништен со бомби Хотелот Египет…
– Фрлена е бомба во Гранд Хотелот…
– Фрлени се бомби врз “Топхането” – Отоманската државна управна зграда…
– Фрлена е бомба во познатата кафеана “Ноја”…
– Запален е “Бошњак-Анот”…

И многу други напади меѓу кои и Неуспешните обиди за разнесување на Телеграфско – Поштенската станица и неуспешниот обид за ликвидација на Хасан Фехми – Солунскиот Валија.
Со цел да не бидат живи фатени го активираат целиот бомбашки арсенал врз отоманските војници и на крај врз самите себеси.
Во деновите по 1 Мај муслиманското население во одмазнички напади низ Солун убиваат околу 300 Македонци. Уапсени се околу 2.000 Македонци, 353 лица се изведени пред суд, а од нив 33 се осудени, дел на смртни казни и доживотна робија.
Меѓу уапсените се оние кои биле против саможртвување по нападите: Павел Шатев, Марко Бошнаков, Милан Арсов и Георги Богданов. Тие прво се осудени на смрт, но подоцна пресудата им е заменета со затвор во Либија. По доаѓањето на младотурците во 1908г. се помилувани и ослободени.
Целта беше постигната, сите светски медиуми пишуваа за овие настани. За првпат беше споменат зборот – “Тероризам”, а поради големата прецизност, фанатизам и саможртва, професионалност и пред се поради минималните цивилни жртви, ја заслужија почитта од светските сили.

Цел свет пишуваше дека на Балканот живее уште еден народ со свој белег, јазик, идентитет различен од другите Балкански народи. Цел свет ги изговори зборовите, Македонци, Македонско, Македонија !
За нив можеби биле првите терористи но за нас беа, се и ќе бидат родољуби МАКЕДОНЦИ кои живееја и животот го положија за МАКЕДОНИЈА!

Нека секој Македонец ги запомни овие имиња: Јордан Поп Јорданов, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов, Павел Шатев, Марко Бошнаков, Милан Арсов, Георги Богданов и Цветко Трајков…

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА !

Креирано од:


Пренеси го гласот