Дополнителниот заменик министер за Земјоделие, Шумарство и Водостопанство, Цветан Трипуновски денеска од пред зградата на Владата на Република Македонија го изрази својот револт против лошите политики на ресорниот министер во име на сите обесправени земјоделци во државата кои ги немаат добиено законски утврдените субвенции и останати финансиски сретства од државата.
Трипуновски во јавноста ги спомна дел од земјоделците кои што се уште ги чекаат своите со труд и мака заработени пари од државата.
Во продолжение погледнете ја во целост прес конференцијата на Цветан Трипуновски од пред Владата на Република Македонија на оваа тема:
“Денеска сум овде пред владата на Република Македонија, да го изразам својот револт и револтот на земјоделците, кои додека Спасовски и Димковски во оваа зграда зад мене планираат да испијат 3 тона кафе и да изедат 700 килограми бадеми, земјоделците мака мачат како да го продадат произведеното и да ги прехранат семејствата.
Уште пред 10 дена предложив измена на програмата за рурален развој и програмата за финансиска поддршка во земјоделство каде предлагам непродуктивни средства во висина од 158 милиони денари да се пренаменат за исплата на субвенции од предходни години, со што земјоделците ќе земат некој денар за да го поминат периодов, но и да се спремат за сезоната која веќе е во тек.
Десет дена поминаа, а материјалот што го предложив никако да стигне на дневен ред, а при тоа замислете владата дава приоритет на донесување на правилници за извоз на необработени дијаманти.
Очигледно е дека СДСМ не се откажува ниту од шетање, ниту од луксузирање. Затоа од тука јавно ги повикувам да кажат дека не им е грижа за земјоделците и затоа не сакаат да ги пренаменат овие средства.”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишени две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар
Нова дигитална услуга на МВР, една од најбараните: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
Монструм од Ново Село ја врзал својата 11 годишна ќерка која плаче и моли пред камера