БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Македонија е најлоша по број на мртви и број на направени тестови за Ковит-12. Состојбата се менаџира од Филипче за да се оди на брзи избори, обвини Александар Николоски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во своето гостување во емисијата “Само вистина” на КАНАЛ 5 ТВ Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски помеѓу другите актуелни прашања за кои разговараше со водителката, го изнесе својот став базиран на два клучни факти во врска со актуелната криза со Ковит-19 вирусот.

Првиот факт е дека Македонија како држава има најголем број на починати Македонски граѓани на еден милион, како резултат на Ковит-19 вирусот во споредба со сите други земји.

Вториот факт се состои од тоа што Македонските власти прават најмал број на тестови на заразеност со Корона вирусот по број на жители на еден милион во споредба со другите земји од регионот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Врз основа на овие аргументи Николоски тврди дека очигледно е што преку комисијата за заразни болести формирана со цел да се справи државата со корона вирусот Министерот Венко Филипче под чија што контрола се дел од членовите на комисијата остварува своја политичка агенда која се состои од минимизирање на реалните негативни ефекти на пандемијата преку контролирано и во ограничен број тестирање на населението за да се дојде до посакуваните од СДСМ брзи избори.

Притоа Александар Николоски истакна дека на ВМРО-ДПМНЕ не му е потребна победа на избори на кои на денот на гласање би се заразиле поголем број на граѓани а притоа и би се појавиле на поголем број на смртнио случаи како последица на заразата со Ковит-19. Тоа според Александар Николоски е газење преку мртви тела, нешто што СДСМ сака да го направи за да го намали штетниот ефект од нивните политики и вртоглавиот пад во рејтингот кој што знаат дека им се случува во партијата.

Погледнете го во продолжение целото интервју со Потпретседателот на ВРО-ДПМНЕ Александар Николоски во емисијата “Само вистина” на КАНАЛ 5 ТВ:

Креирано од:


Пренеси го гласот