БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Прозборе силината на Македонскиот воин-Драган Ковачки со силни пораки за почеток на претстојната битка

Пренеси го гласот

Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија, Драган Ковачки со свое обраќање заедно со кандидатката за пратеник Христина Смилевска од пред соборната црква “Св. Кирил и Методиј” во Делчево упати свои силни пораки во јавноста во врска со претстојната политичка кампања.

Македонскиот граѓанин ги преживеа најтешките моменти од осамостојувањето на Република Македонија до денес во изминатите три години.
Борба за подобар живот и надеж за подобра иднина е во мислите на секој добронамерен и чесен Македонец.
Од сите нас заедно зависи во каква Македонија сакаме да живееме.
Јас сум за Македонија во која чесноста, стручноста и професионалноста и високите морални и законски норми ќе котираат на највисоко ниво во идниот дом на демократијата- Македонскиот парламент.
Ќе покажеме дека не се сите исти.
Македонија ќе ја обновиме на здрави и силни столбови.
Придружете ни се во нашата борба за #ОбноваНаМакедонија

-напиша Драган Ковачки на фејсбук во прилог на своето видео обраќање.

Креирано од:


Пренеси го гласот