Александар Нацев на социјалните мрежи ја алармираше јавноста дека од магацините кои што се наоѓаат во кругот на Министерството за одбрана и Генералштабот некој во текот на изминатата ноќ извршил грабеж. Биле украдени повеќе од 35 комплети униформа и други делови од униформата.
“Измината ноќ од магацините кои се наоѓаат во кругот на Министерството за одбрана и Генералштабот се украдени повеќе од 35 комплети униформа и други делови од униформа. Додека министерката за одбрана си тера кампања со службени возила и користи униформирани лица за снимање партиски спотови, некој се дрзнал да ја ограбува Армијата. Министерството за одбрана засега молчи и случајот се држи во тајност.”
-напиша Александар Нацев во врска со овој инцидент кој што надлежните го забошотуваат од јавноста.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист