БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Сашо Мијалков конечно јавно влезе во политичкиот ринг со Христијан Мицкоски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање по изборите спроведени на 15 јули конечно јавно влегува во политичкиот ринг. И тоа не против било кого туку против Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Со свои соопштенија преку неодамна креираната лична фејсбук страница Сашо Мијалков го прозива Мицкоски за нарачки на новинарски текстови кои биле “измислени и неточни” со цел да ја сокриел “сопствената неспособност да ја води партијата”.

Притоа во неколку наврати Мијалков го повика Мицкоски да си поднел оставка доколку не успее да состави влада.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во продолжение го пренесуваме фејсбук статусот од страницата на Сашо Мијалков:

“Насилството врз новинари е неприфатливо и доколку имало таков случај го повикувам МВР да го расчисти.

Ниту некој од моето семејство, ниту некој од моето обезбедување кое е составено од професионалци не учествувал во никаков инцидент и сигурен сум дека тоа ќе се докаже откако ќе се расчистат сите детали.

Тоа што во моментов се прави е реализација на уште една хајка против мене, преку медиумите под контрола на Христијан Мицкоски.
Во изминативе две години Мицкоски нарачуваше десетици измислени и неточни текстови само за да ја покрие сопствената неспособност да ја води партијата и да понуди визија која што ќе ги привлече граѓаните.

Измислуваше дека тестовите за Ковид 19 кои што беа донирани биле неквалитетни , а се најдобрите во светот.
Измислуваше дека сум добивал тендери во здравство , а немам никаков допир со тој бизнис.
Вчера измисли дека сум имал стан во Охрид, а денес измисли дека моето обезбедување учествувало во физички напад и за тоа ги злоупотребува медиумите блиски до партијата.

Затоа ќе ти порачам, Христијан занимавај се со тоа што ти е работа. Три години времето го трошиш на мене, наместо да работиш на програма и понуда. Три години го трошиш просторот во медиумите кои се критички кон власта за пласирање на лаги за мене, наместо да го искористиш за обединување на членството и жесток и конструктивен напад кон власта. Видовме до каде те доведе тоа. Наместо сигурна победа, сега секој член на ВМРО ДПМНЕ е во исчекување дали ќе направиш Влада.
Малку време ти остана, а ти наместо да преговараш со потенцијални партнери за коалиција и да обезбедуваш меѓународна поддршка, повторно се занимаваш со мене.
Твој е изборот, но да знаеш дека и јас и останатите членови на ВМРО ДПМНЕ очекуваме да успееш да го исполниш последното ветување да составиш влада, и ке бидам еден од првите кој што ке ти честита, но доколку не успееш тогаш очекуваме да имаш доблест и да си стоиш на зборот дека ќе си поднесеш оставка.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace