БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Техничката влада на Спасовски замина во историјата. Министрите на ВМРО-ДПМНЕ се збогуваа со своите позиции

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По верификација на пратеничките мандати на новиот парламентарен состав по изборите одржани на 15 Јули во текот на вчерашниот ден престана мандатот на техничката влада на Оливер Спасовски која што беше задолжена за спроведувањето на фер и демократски избори.

Техничката влада по својата природа која е единствена од тој вид во целиот свет е плод на Пржинскиот договор постигнат под жесток притисок на странските амбасадори од западните демонкратии.

Техничката влада во која што Технички Премиер беше Спасовски во себе ги имаше инкорпорирано претставниците на четирите најголеми политички партии по застапеност во парламентот. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада учествуваше со двајца свои министри кои заедно со заменик министрите од ВМРО-ДПМНЕ имаа за цел фер и демократски избори.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Јавноста во Македонија беше сведок дека во изминатите 6 месеци предизборниот процес како и самите изборни денови ниту беа фер ниту демократски со брутална и перверзна примена на секаков вид на предизборни нерегуларности. Од злоупотреба на вонредната состојба за испумпување на позајмени пари на сметки на граѓаните и компаниите за зголемување на историски највисокото ниво на задолженост на државата, преку делење на “хуманитарни пакети”, масовна партизација на администрацијата и јавните претпријатија, до подмитување на поединци за да гласаат во корист на СДСМ.

Во одреден дел ваквиот расплет на настаните беше овозможен од разрешувањето на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи на седницата пред самораспуштањето на претходниот парламентарен состав по предлог на Оливер Спасовски.

Министерка за труд и социјална политика на 3 јануари стана Рашела Мизрахи која што е прва еврејка министерка во Република Македонија. Министеруваше се до 15 февруари кога тивко и без особена галама и престана мандатот. Со тоа во Министерството за труд и социјални политики остана бришан простор за масовен поткуп на социјално ранливите категории на граѓани што во подоцнежниот период се покажа клучно за исходот на резултатите на изборите на 15 Јули.

Министерот Наќе Чулев во одредена мера ја одигра својата улога во насока за сузбивање на изборните нерегуларности но сепак недоволно за да бидат спречени очигледните нерегуларности и злоупотреби.

Тој во текот на вчерашниот ден се збогуваше со својата министерска функција преку фејсбук статус:

“Во изминатите неколку месеци сите ние, во Министерството за внатрешни работи, но и во државата поминавме низ турбулентен и прилично специфичен период во кој бевме исправени пред значајни и сериозни предизвици. Министерството за внатрешни работи во изминатиот период имаше исклучително важна задача: да го заштити здравјето на граѓаните, да ја гарантира безбедноста на државата и јавниот ред и мир и да организира мирни, безбедни и демократски избори.”

-соопшти Наќе Чулев меѓу другото во своето обраќање во јавноста предавајки ја министерската палка на Агим Нухиу.

Со фотографии од житно поле дополнителниот заменик министер за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски се збогуваше од својата министерска фунција.

“Во изминатиов период бев заштитник на земјоделците, се борев со сите сили, за земјоделецот да биде почитуван и за неговата работа и труд да биде достојно платен.

Се борев против криминалот и корупцијата. Застанав рамо до рамо со земјоделците.”

-напиша меѓу другото Цветан Трипуновски на фејсбук.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace