Подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ денеска на впечатилив и симболичен начин ја окарактеризира понудената екипа од страна на Зоран Заев за нова влада во државата како “Бутик Ништо ново”.
Сергеј Попов од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја реафирмираше понудата на Зоран Заев со фамозните железни опици и ветувањето за 500 евра плата, ветувањето за враќање на младите во државата, за Гугл и Фејсбук, за новите автобуси, за Луј витон чантата за чистиот воздух итн….
Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Сергеј Попов од пред Бутикот наречен ништо ново:
“Се наоѓаме пред владата на нашата држава. Оваа влада може слободно да се нарече бутик „ништо ново“, поради својот тендерашко – криминоген менталитет и старите истрошени кадри од транзицијата. Во овој бутик „ништо ново” како во минатите години така и во месеците што следат ќе можете да видете понуда: железни опинци на Заев затоа што викаше дека ќе ги облечел, ама 500 евра просек плата ќе имало, 500 евра просек плата нема, но затоа железни опинци има. Во овој бутик „ништо ново“ може да се најдат и искинати чевли, оние чевли ги оставаше Заев пред владата за иселените млади. Тука од овој бутик ќе видите и Фејсбук и Гугл кои само што не инвестирале. Санос автобуси, и секако славната Луј Витон чанта за продолжување на рекетот кој сега веќе е станат државно главно занимање. Ќе најдете и кесиња чист воздух, празна слама и многу лаги. Тоа оваа влада и го ветува.
И на крајот секако се прашувате колку чини овој владин бутик, чини 5 пари. Согласно признанието на самиот Зоран Заев. Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ гласно и јасно кажува дека овој бутик има рок на траење и тој е многу краток.
-УМС останува со младите, ВМРО-ДПМНЕ останува со народот.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“