Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Дојче Веле зборуваше за предизвиците од штетното влијание во севкупните општествени процеси наметнати од актуелната старо-нова власт предводена од СДСМ.
Тој одговорноста за сиромаштијата, неправдите, криминалот и економската стагнација на целокупното македонско општество ја лоцира кај актуелната власт, додека истовремено низ скапо платена медиумска пропаганда самата власт зборува за некаков напредок и просперитет на граѓаните.
“Замислете – ние имаме состојба која се гради низ медиумите дека треба да се прослави, на пример, спроведување на законот со рушење на дивоградбата во ‘Мавровка’ кои сами дозволија да се изгради, и сега тоа е вест, а всушност треба да биде рутинска работа на државните органи кои пропуштиле да си ја завршат работатата. Но народот е целосно свесен со што си има работа и допрва нѐ чека напорна работа и многу труд за рушење на овој хибриден режим. Освежувањата кои ги правиме ќе бидат нова енергија во таа борба против власта и верувам во успех. Во државава има огромно опозициско расположение.”
-реагира Мицкоски во одговор на поставено новинарско прашање.
Во однос на делувањето на партијата во иднина Мицкоски најави широк опозициски фронт кој ќе биде израз на револт на сиромаштијата на македонските граѓани.
“Оваа власт, оваа количина на омраза и поделби креирани од власта, толкава количина на зло, не се руши со еден потег. Тоа е долга борба и оваа власт ќе падне на рати. Изборите кои поминаа беа почетокот на крајот на падот на власта на Заев. Нема нова енергија со старите и истрошени кадри во Владата, која не понуди ништо ново. Воедно тие ги понудија старите ветувања, а нови се само долговите. Оваа власт ќе падне на граѓански протести, а опозицијата ќе се окрупнува. Следува широк опозициски фронт кој ќе биде израз на револт за сиромаштијата, за долговите кои ни ги оставаат и за неправдите кои ни ги причинуваат.”
-соопшти Мицкоски.
Остатокот од интервјуто прочитајте го на Дојче Веле.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“