Претседателот на СДММ Марко Михаилоски на прес конференција од партиското седиште на СДСМ во јавноста се пофали дека поднеле иницијатива а Собранието ја усвоило таквата иницијатива за измени и дополнување на законот за субвенциониран оброк за студентите.
“Субвенциониран оброк е последната во низата мерки кои СДММ и СДСМ ги преземаат за подобрување на студентскиот стандард и за младинските политики во целост.
По поднесена иницијатива од Социјалдемократската младина на Македонија, Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за субвенциониран студентски оброк.
Со ова, 40.000 активни студенти, на почетокот на секој месец на својата сметка ќе добиваат по 2.400 денари за субвенционирани оброци.
Министерството за образование и наука ќе изврши исплата од околу 15 милиони евра директно на трансакциските сметки на корисниците.
Измените овозможуваат корисникот на субвенционираниот оброк да може го оствари своето право кај секој еден трговец.”
-соопшти претседателот на СДММ од партиската говорница во централниот штаб на СДСМ.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!